Новата снимка од бруталната смрт на Флојд сè кажува: Камерите ги снимиле и неговите последни зборови

На досега необјавените снимки од камерите кои се наоѓале на униформите на полицајците се гледаат нови детали од кобното апсење на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој починал на 25-ти мај во текот на приведувањето.

Неговата смрт предизвикала протести ширум САД и светот. 

На видеозаписите кои "Daily Mail" ги добил од телесните камери на двајца сега поранешни полицајци кои учествувале во апсењето на Флојд, може да се види како исплашениот Флојд се бори со службениците додека се наоѓале во задниот дел од автомобилот, пишува "CNN".

Лондонски "Daily Mail" не објавил како ги добил снимките од полициските камери.

Судот одлучил дека тие снимки се достапни во ограничена форма и одбил да ги направи достапни за новинските здруженија.

Адвокатот на семејството на Флојд соопштило дека на снимките кои протекле во јавноста се гледа дека Флојд не претставувал никаква закана.

Поранешниот полицаец Дерек Човин е обвинет за убиство од втор степен, а уште тројца полицајци кои учествувале во апсењето на Флојд исто така биле уапсени и обвинети за помагање во убиство од втор степен.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.08.2020 - 11:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега