Новата куќа на Канје од 57,3 милиони долари

Канје Вест, музичар, претприемач за улична облека, потенцијален кандидат за претседател на САД во 2024 година и самоименуван креативен гениј, се сели во Малибу, објавија шоу-биз медиумите.

По разводот со Ким Кардашјан, милијардерот ерген купи резиденција од 57,3 милиони долари во Малибу, дизајнирана од големиот јапонски архитект Тадао Андо, познат како мајстор на бетонот и светлината. Имотот, чиј концепт се заснова на бруталистички принцип, има приближно 4.000 квадратни метри станбен простор со поглед кон океанот.

Бруталистичката бетонска резиденција, дизајн на врвниот јапонски архитект, била изградена според спецификации на финансиерот и колекционер на уметност Ричард Сакс.

Брутализам е стил во архитектурата, кој се појави во средината на дваесеттиот век како дел од модернизмот. Терминот  потекнува од францускиот збор што го опишува материјалот карактеристичен за овој стил béton brut или природен бетон.

Според американската интернет-страница за недвижности Dirt.com, за хациендата на плажа, која некои набљудувачи нељубезно ја споредија со катна гаража, наводно биле потребни 1.200 тони излеен бетон, 200 тони челична арматура и 12 столба набиени 60 метри во земјата како потпора за монструозно тешкиот објект да не потоне во песокот.

 

Макфакс 

27.09.2021 - 16:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега