Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ (АТП-3) се откажа од настап на претстојниот турнир во Доха поради прекумерен замор, објавија денеска организаторите.

Ѓоковиќ ја почна новата сезона со пласман во финалето на Австралија опен во кое загуби во четири сета од првиот светски тенисер Карлос Алкараз од Шпанија.

По настапот во Австралија, 38-годишниот Ѓоковиќ сè уште не е доволно подготвен да ја продолжи сезоната и може да се врати на теренот на првиот Мастерс во сезоната во Индијан Велс на почетокот на март.

Турнирот во Доха ќе почне на 16 февруари, а Алкараз е прв носител, додека Италијанецот Јаник Синер е втор носител.

Српскиот тенисер го освои турнирот во Доха двапати, последниот пат во 2017 година. 

Exit mobile version