Нова војна во Сирија, Турција тргна во акција - сириската власт ги повикува Курдите да ја одбранат територијата

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган покрена операција против полицијата предводена од Курдите на североистокот од Сирија.

Турските авиони почнале започнале напади во Сирија веднаш по најавата на Ердоган. Медиумите известиле дека воздушните и артилериски напади се случиле во близина на сириските погранични градови Тел Абјад и Рас ел Ајн.

Анкара ја гледа курдската полиција како терористичка и тврди дека е потребен напад за да настане мир во регионот. Операцијата има за цел да го отстрани тероризмот во државата, изјавил Ердоган.

Министерството за надворешни работи на Сирија ги осудило плановите на Турција да изврши офанзива на северот од Сирија, нарекувајќи го потегот „безобразно кршење“ на меѓународните права. Во соопштението се наведува дека Сирија се спротиставува на нападот со сите сили, а за моменталната ситуација ги обвиниле курдските групи кои, како што наведуваат, се искористени како средство за „американски проект“.

Мнинистерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу рекол дека денеска Турција ќе ја информира Сирија, Обединетите нации и другите, за нападот во Сирија и дека Турција има право да се брани во склад со меѓународните права.

Тој додал дека еинствена мета се терористите е дека нападот ќе биде начин на Анкара да „допринесе во интегритетот на сириските граници“.

Претседателот на САД Доналд Трамп соопшти претходно дека американската војна се повлекува под турскиот притисок, така што ги остава на цедило своите сојузници, сириските Курди со кои се бореле против Исламската држава.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.10.2019 - 21:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега