Создаваме ново, современо и функционално катче за сите жители на Аеродром – вистинска урбана оаза.
Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески и сопственикот на Трговскиот центар „Капитол Мол“, Ајдован Адемоски, извршија увид во градежните активности за уредување на просторот во непосредна близина на трговскиот центар, каде се оформува модерна јавна зона – наменета за дружење, рекреација и квалитетно поминување на слободното време.
Во рамките на уредувањето се поставува современо детско игралиште од отворен тип, со безбедни и квалитетни реквизити кои ќе донесат радост за најмладите.
Просторот се збогатува и со фитнес справи на отворено, урбана опрема (клупи, маси и столчиња), корпи за отпадоци, како и целосно партерно и хортикултурно уредување, со што создаваме пријатна и уредена околина за одмор и дружење за сите генерации.
Благодарност до компанијата „Сити Плаза ДОО Скопје“, која е сопственик на Капитол Мол Скопје за нивната благородна донација, високата општествена одговорност и значајната поддршка во реализацијата на овој проект, што директно го унапредува квалитетот
на живот во нашата општина.
Продолжуваме посветено да го градиме Аеродром по мерка награѓаните – модерна, зелена и урбана општина во која секој има свое место.
- Германија „заглави“ во долгови: Јавниот долг проби историска граница од 2,66 трилиони евра
- Вински Фестивал Битола: Фестивал на вино, музика и градска атмосфера
- Платено боледување ако вашиот миленик е болен – ова се правилата
- Хоџа: Нова опрема за отпад во Струга и засилени инвестиции во инфраструктурата
- Родителите на загинатите во „Пулс“ на средба во судска медицина: Вистината за токсиколошките наоди ќе се дознае во судница
- Струмичанец на 69-годишна возраст фатен со кокаин, полицијата поднесе кривична пријава
- Бугарски европратеник се закани со ново вето за Македонија и тврди дека Вајц работи под диктат на Мицкоски
- Иновации во земјоделството: „Адили Фарм“ започна со берба на ексклузивната печурка Морел


