Нова трагедија: Италијански фудбалер пронајден мртов

Фудбалер на аматерскиот италијански клуб Мартина бил пронајден мртов, пренесуваат медиумите на Апенините.

Безживотното тело на 19-годишниот Фабиано Колучи било откриено од неговиот брат во семејната куќа.

Колучи требало да се сретне со капитенот на тимот Марко Амато, а италијанските медиуми претпоставуваат дека станува збор за самоубиство.

„Потресени сме од веста. Ја замоливме Лигата да го одожи следниот меч. Не можеме да најдеме објаснување, се уште сме во шок“, изјави претседателот на клубот.

 

 

 

19.11.2018 - 13:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега