Нова теорија на заговор: Грета е патник на време, нејзината мисија е да ја спаси Земјата

На фотографија снимена на крајот на 19 век во Канада, се наоѓа девојче која е копија на шветската тинејџерка.

Веднаш се јавија теоричари на заговор кои тврдат дека Грета Тунберг е патник низ времето и нејзина мисија е да го споаси светот.

Фотографијата  е снимена во 1898 година и се наоѓа Универзитетот во Вашингтон.

Имено на оваа фотографија која е дел од архивата на универзитетот, се наоѓа девојче во друштво со уште неколку деца и неодоливо потсеќа на Грета.

„Значи Грета е патник низ времето и пратена е да ја спаси нашата планета од погубните последици на климатските промени“ гласел еден од коментарите.

Други пак наведуваат дека во прашање е фотографија обработена во Фотошоп бидејќи лицата на двете девојчиња се скоро идентични.

Без обзир на вистината, Грета стана симбол за борбата против климатските промени, откако во Шветска секоја недела предводела протест во своето училиште. Нејзината борба инспирираше акција уште во сто градови ширум светот.

Сепак Грета нее првата позната личност чиј двојник живеел во минатите векови и бил обвинет „за патување низ времето“.

Претходно на социјалните мрежи се појавија фотографии од Николас Кеиџ, Џон Траволта, Еди Мафри, Џеј Зи и многу други.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.11.2019 - 09:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега