Нова студија „крена прашина“: Бројот на починатите од ковид во светот двојно поголем од официјалните процени

Бројот на смртни случаи во светот од коронавирус е повеќе од двојно поголем од официјалните 3,24 милиони, проценува ново истражување кое предизвика полемики.

Повеќе од 905.000 луѓе починаа од Ковид-19 во САД, 57 проценти повеќе од официјалната бројка, откриле во четвртокот научниците од Институтот за здравствено пресметување и процена на Универзитетот во Вашингтон. Тоа е повеќе отколку во која било друга земја.

Официјалната бројка на САД е околу 580.000, според статистиката на Универзитетот „Џон Хопкинс“.

Според пресметките на американските научници, тоа е вкупно околу 7 милиони смртни случаи во светот, што е повеќе од двојно повеќе од официјалните 3,24 милиони смртни случаи, забележани од Универзитетот „Џон Хопкинс“.

„Колку и да изгледа страшна пандемијата на коронавирус, оваа анализа покажува дека реалниот број е значително полош“, рече директорот на Институтот, д-р Крис Мареј во изјавата што го придружува објавувањето на резултатите.

Тој на прес-конференција во четвртокот истакна дека пропустите при запишувањето на реалниот број не биле нужно намерни.

„Главно тоа е ненамерно затоа што здравствените системи беа тешко погодени“, рече Мареј

Макфакс

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.05.2021 - 10:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега