Британското Министерство за одбрана потврди дека руски разузнавачки брод навлегол во британски територијални води и насочувал ласерски зраци кон пилоти на Кралските воздухопловни сили, пренесе The Guardian. Инцидентот се случил оваа недела и веднаш предизвикал дипломатски тензии меѓу Лондон и Москва.

Според британските власти, руското пловило изведувало „провокативни и опасни маневри“, вклучувајќи насочување ласери кон воени авиони кои извршувале рутински летови во регионот. Ова однесување претставува сериозен ризик по безбедноста, бидејќи може да предизвика заслепување на пилоти додека се во воздух.

Министерството за одбрана го осуди инцидентот како „недговорно и неприфатливо однесување“ и најави дека прашањето ќе биде покренато на соодветни меѓународни форуми.

Од Москва засега нема официјална реакција на случувањата.

Британските власти додаваат дека ќе продолжат внимателно да го следат движењето на руските воени и разузнавачки пловила во регионот, особено во контекст на засилените тензии меѓу Русија и НАТО.

Exit mobile version