Нова рунда преговори за името во почетокот на мај

 

На денешната прес-конференција генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг пред министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО во Брисел изјави дека само Македонија и 29-те земји членки на Алијансата може да одлучуваат за членството на Македонија во НАТО.

Грчкиот премиер Ципрас денеска во Атина го прими претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, по што изјави дека за прв пат неговата земја на решителен начин се обидува да дојде до заемно прифатливо решение за името.

Јункер пак обраќајки се пред грчките пратеници порача дека решението за името треба да се најде итно.

„Господине претстедателе, пред вашиот парламент ќе кажам нешто што кажав кога неодамна бев во Скопје, каде што беше поставено прашањето за името на оваа земја. Јас не сум надлежен да ви дадам некоја насока, ниту идеи ниту пак правци во однос на прашањето што треба во секој случај да го решите меѓу вас. Но, дозволете ми да ја нагласам итноста што го карактеризира решавањето на проблемот, со оглед на комплицираниот регион.“ - изјави Клод Јункер.

Министрите Димитров и Коѕиас веќе следната недела повторно ќе се сретнат во Солун, објави ТВ24, а после вчерашните преговори во Виена медијаторот Нимиц само кажа дека имало интензивна дискусија во многу срдечна атмосфера и дека преговорите ќе продолжат.

 

 

 

26.04.2018 - 18:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега