Нацрт-текстот на Стратегијата за образование 2026 – 2032 денеска беше претставен во Владата на валидациска работилница. Од денеска, нацрт-верзијата ќе биде поставена на националниот систем на прописи ЕНЕР, со што започнува широка јавна расправа за усвојување на финалниот документ.
Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, изјави дека стратегијата е продолжување на реформите, со фокус на подобрување на квалитетот на образованието на сите нивоа.
Клучни точки на стратегијата:
- Промена на програмите во предучилишна возраст.
- Зајакнување на инклузијата во основно и средно образование.
- Оптимизација на училишната мрежа, едносменска и целодневна настава.
- Воведување нови формули за финансирање во локалните самоуправи.
- Воведување технологија и вештачка интелигенција во системот.
- Нова легислатива за подобрување на квалитетот и „покачување на нашите универзитети на Шангајската листа“.
Јаневска повика целата јавност да се вклучи во дебатата за да се креира поквалитетен стратешки документ.

