Нова историска средба на повидок: Се подготвува состанок меѓу Путин и Трамп

 

Москва и Вашинготн истражуваат можност за состанок меѓу американскиот и рускиот претседател Доналд Трамп и Владимир Путин, изјавил посебен советник на американскиот претседател и директор за Европа и Русија при американскиот Национален совет за безбедност, Ричард Хукер.

„Ништо не е одлучено, ниту се разработени деталите, но верувам дека двете страни истражуваат можност за обид да се направи такво нешто“, рекол Хукер.

Според неговите зборови Белата куќа ја разгледува Австрија како место за можна средба.

„Сигурен сум дека се разгледува таа опција, но ништо не е одлучено“, рекол тој.

 

 

 

14.06.2018 - 10:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа