Нова драма во Италија: Се сруши мост- има повредени

Мост на регионален пат на северот на Италија се сруши, при што повреден е најмалку еден возач, изјави портпаролот на локалната противпожарна служба

Целиот мост се срушил денес околу 10:30 часот во близина на Аула во провинцијата Маса Карара, на околу половина пат меѓу Фиренца и Џенова.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, со патот управува државниот оператор „Анас“, а по рушењето на мостот, на лице место пристигнале бројни спасувачки и екипи на итната помош.

Според последните информации, најмалку еден возач на камион е повреден.

Да потсетиме, пред две години Италија беше потресена од страшна трагедија кога се сруши мостот Моранди во Џенова. Во несреќата во која бројни возила паднаа од висина од околу 50-тина метри, а конструкцијата се сруши и врз куќи под мостот, загинаа 38 лица, меѓу кои и 3 деца.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.04.2020 - 14:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега