Нова демократија: Смешно е протестите против Договорот од Преспа да се поврзуваат со руските интереси

 

Смешни се тврдењата дека стотиците илјади Грци на протестите против Договорот од Преспа беа поттикнати или платени од мрачни руски интереси, коментираат од Нова демократија.

- Речиси е комично владини фактори да се обидуваат да ги поврзат нелегалната активност на руските дипломати со општото неодобрување на договорот што го потпишаа Ципрас и Заев. Уште посмешно е да тврдат дека стотици илјади Грци што учествуваа и учествуваат на протестите против Договорот од Преспа, божем беа поттикнати или дури... и платени од мрачни руски интереси, соопштуваат од Нова демократија.

Од најголемата грчка опозициска партија велат дека за нив се подразбира дека „секој обид на надворешна интервенција во внатрешните случаи на земјата треба да се третира итно, строго и решително“, а тоа важи и за руските дипломати доколку постојат докази за нивна вмешаност, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Нова демократија, бараат од грчката Влада за ова да се извести Парламентот.

- Неприфатливо е за едно толку сериозно прашање, владата да се ограничи на информации во медиумите и единствената информација што ја имаат граѓаните и политичките партии произлегува од информациите во медиумите и од неопределени извори. Нова демократија побара од владата да го информира Парламентот. Особено кога некои од лицата кои што се вмешани во случајот до неодамна имаа привилегирани односи со членови на владата СИРИЗА- Независни Грци, соопштуваат од Нова демократија. 

 

 

 

17.07.2018 - 14:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа