Нова цена на горивата - цената постојано расте, ќе има ли уште едно поскапување

 

Со месеци цената на горивата во Македонија расте. Со последната одлука на Регулаторната Комисија за енергетика, малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголеми за 0,50 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 22.01.2018 година и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС- 95 изнесува 68,00 ден/литар што значи уште едно поскапување.

Цената на дизелот остана иста, но сепак периодов ја надмина границата од 60 денари.

За помалку од шест месеци горивата поскапеа за 15 денари.

За новата цена загрижува нагорениот тренд на цените кои во моментов се на највисоко ниво во последните 3 години.

Останува да видиме каква ќе биде новата цена која Регулаторната Комисија за енергетика ќе ја соопшти во понеделник.

 

 

 

17.02.2018 - 13:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа