Нова цена на бензинот и дизелот во Македонија

По продолжениот викенд, денеска не чека нова промена на цените на горивата во Македонија.

Иако секој понеделник Регулаторната Комисија за енергетика носи одлука, овојпат поради неработниот ден, одлуката дали бензинот и дизелот поскапуваат, поевтинуваат или остануваат со иста цена, ќе ја знаеме денеска од кога и ќе важи.

Ао последната одлука РКЕ го поскапе дизелот.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се променија и се продаваат за 68,50 ден/лит за ЕУРОСУПЕР БС-95 , додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 70,50 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемија за половина денар и со тоа малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 61,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 50,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголеми за 0,229 ден/кг и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 33,186  ден/кг.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.12.2019 - 08:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега