Нова бомба: Објавен нов разговор меѓу Мицкоски и Кичеец (ВИДЕО)

На Јутјуб се појавија нови разговори меѓу претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, оосудениот во случајот „Рекет“ Зоран Милески-Кичеец и Слободанка Алексовска.

Тие зборуваат за судбината на Специјалното јавно обвинителство и предметот „Империја“.

-Не бе ова, повеќе зборувам за Сашовци-машовци. Сега, тој пишуваше писма, фејсбуци, ме плукаше... правеше театар за јавноста претходните две недели, испадоци од типот на Геровски и слични, Сашо Ордановски. И сега јас се борам ваквото СЈО да не помине, автоматски и неговиот најголем предмет, тој „Империја“, вели Мицкоски во разговорот кој е објавен.

Во следното видео, насловено како „Рекет-6“ Мицкоску му се жали на Кичеец и вели дека тој е единствениот што се бори, а него го тепаат и се вљубуваат во Зоран Заев.

-Првично, ние имам многу принципиелни позиции, многу цврсти аргументи. И единствен кој што се бори за сите случаи сум јас, вели Мицкоски.

На тоа се надврзува Кичеец, кој вели: „Реално во вас се сите џокери“.

Потоа продолжува Мицкоски.

-Да, ама знаеш, ова помалку делува мазохистички. Ем ме тепаат, ем имаат очекувања од мене. Од друга страна, ваму има Стокхолмски синдром, се вљуби жртвата во киднаперот. Се вљубија во Зоран Заев... сега тој е добриот. А тој сака вака да помине за да ги уценува и понатаму, вели Мицкоски.

01.07.2020 - 09:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега