Нова аудио-снимка откри дека Џулијани вршел притисок врз Украина против Бајден

Нова аудио-снимка до која ексклузивно дојде Си-Ен-Ен, покажува дека поранешниот долгорочен правен советник на претседателот Доналд Трамп и поранешниот градоначалник на Њујорк, Рудолф Џулијани, во 2019 година безмилосно вршел притисок врз украинската влада да ги испита неоснованите обвинувања против тогашниот претседателски кандидатот Џо Бајден.

Аудио-снимката направена во јули 2019 година сними телефонски разговор помеѓу Џулијани, американскиот дипломат Курт Вокер и претседателот на Украина Володимир Зеленски.

Разговорот му претходеше на неславниот повик на Трамп за Зеленски, а двата разговори подоцна станаа централен доказ во првата конгресна постапка за отповикување на Доналд Трамп, кога тој беше обвинет дека побарал помош од украинската влада за неговата кампања, пренесува Си-Ен-Ен.

За време на 40-минутниот разговор, Џулијани постојано бара Зеленски да објави истрага за можна корупција во Украина, во која беа вмешани Бајден и неговиот син.

Макфакс

08.06.2021 - 09:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега