Нов удар за Асанж: Шведска повторно покрена истрага за силување за кое е претходно обвинет

Шведска објави дека повторно ќе отвори истрага против Џулијан Асанж, во врска со обвинение за силување, пренесува BBC.

Асанж, кој ги негира обвинувањата, избегна испорачување на Шведска седум години откако во 2012 година доби засолниште во Амбасадата на Еквадор во Лондон. Но, минатиот месец тој беше исфрлен од таа институција и осуден на 50 недели затвор поради кршење на правилата поврзани со условната слобода. САД исто така сакаат да го екстрадираат Асанж од Велика Британија, поради наводна внатрешна вмешаност во процесот на објавување доверливи воени и дипломатски документи во  текот на 2010 година.

Асанж е обвинет за силување и други сексуални престапи над две жени, по конференцијата на WikiLeaks во 2010 година. Тој секогаш ги негирал овие тврдења, велејќи дека сексот бил по обострана желба.

 

Просецот е започнат во 2012 година и веројатно ќе продолжи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.05.2019 - 17:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега