Нов топлотен бран во САД: Температурите ќе достигнат 47 степени, а се предупредува и на друга опасност

Метеоролозите предупредуваат дека американскиот југ и средниот запад ќе бидат погодени од силен топлотен бран, така што во некои делови на САД се очекува и температурите да достигнат до 47 степени Целзиусови.

Метеоролошката служба на САД предупредила дека нејголемите жештини ќе погодат 13 американски држави - од Тексас, Луизијана и Флорида на југ, до Мизури и Илиниос на среден запад.

Најтешки временски услови вчера можеле да се почувствуваат во Лузијана, Арканзас, Мисиспи и Оклахома, пренесува АП.

„Чувство како да сте во пеколот, ете такво е чувството“, рекла сопственичката на една бакалница во Мисисипи.

Метеоролозите предупредуваат дека дополнителна опасност претставува влагата, која е посебно присутна во Луизијана.

Слични временски услови на југ и среден запад се очекуваат утре, порачуваат американските мтеоролошки служби.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.08.2019 - 09:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега