Нов терористички напад на католичка црква - најмалку 6 мртви, вклучувајќи го и свештеникот во Буркина Фасо

Најмалку 6 лица настрадаа во вооружен напад на католичка црква во африканската Буркина Фасо, јавуваат странските медиуми.

Терористичкиот напад е изведен за време на неделната миса, пишуваат медиумите, а меѓу убиените има и свештеник.

-Околу 9 часот утринава, вооружени напаѓачи упаднале во црквата и почнале да пукаат по собраните луѓе. Верниците панично се обидувале да избегаат - објаснил градоначланикот Осман Зонго.

Според безбедносните извори, нападот го извела поголема група напаѓачи составена од околу 20-30 лица.

Нападот се случил во градот Дабло, на северот од земјата. Сличен напад се случи во април кога беа убиени 5 лица вклучувајќи го и протестантскиот свештеник.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.05.2019 - 19:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега