Нов случај на семејно насилство: Двајца мажи претепале жена

СВР Тетово информира дека вчеравечер (27 септември) во 20 часот и 30 минути, полициски службеници на Одделението за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода 54-годишниот Н.С. и 19-годишниот Б.С. од гостиварско село, кои биле пријавени од 42-годишна жена, невенчана сопруга на повозрасниот, дека околу 19 часот и 30 минути во семејната куќа физички ја нападнале.


Двајцата се задржани во Полициската станица Гостивар и по документирање на случајот против нив ќе следува поднесок, извести полицијата.

28.09.2022 - 12:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега