Нов скандал во животот на Дарко Лазиќ: Ја избркал бремената свршеница од дома

Пејачот Дарко Лазиќ, кој за помалку од еден месец треба да стане татко по втор пат, ја оставил трудната свршеница Марина Гагиќ, која е во деветтиот месец од бременоста.

Како што дознава српски Телеграф, Марина веќе еден месец престојува во семејната куќа на своите родители, бидејќи Дарко соопштил дека не планира да се жени, туку само сака да го признае детето, а недоразбирањата почнале кога излегол од болница.

-После последната караница Марина ги собра работите и се врати кај нејзините. Таа веќе не можеше да издржи Дарко да се враќа доцна ноќе, од забави кои му штетат на здравјето. Сто пати му кажа дека на нивното дете му е потребен здрав татко, кој ќе се грижи за нив, а не алкохоличар, вели упатен извор за Телеграф.рс.

Инаку, Марина постојано беше со него додека тој не сеопорави од кобната несреќа.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.05.2019 - 17:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега