Нов привремен камп на Лезбос со 9.500 бегалци и мигранти

Во моментот имаме 9.500 лица во новиот камп. Официјално 2.000 се надвор од кампот и околу 1.000 лица во наредните денови ќе влезат во него, изјави министерот за миграција и азил на Грција, Нотис Митаракис за ТВ „Скај” за ситуацијата на островот Лезбос и сместувањето на бегалците и мигрантите во новиот привремен камп, по двата пожари во Морија.

 

Митаракис притоа објасни дека се бара локација за изградба на новиот затворен центар на Лезбос.

– Нашиот политички избор е да имаме помали центри, со хумани услови за живеење, побезбедни, со безбедносни стандарди за да немаме повторно безбедносни прашања и во внатрешноста и за локалното население. Тоа е она што веќе го правиме на Самос, на Лерос и на Кос, истакна Митаракис.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.09.2020 - 18:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа