Трите авиони „Ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување се вклучени во гаснењето на пожарот што од правец на Македонски Брод се приближува кон ловиштето „Јасен“. Воздушната поддршка им помага на екипите на терен да го запрат огнот пред да навлезе во боровата шума, каде неговото ширење би било значително потешко за контролирање.

Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, изрази оптимизам дека пожарот овојпат ќе биде запрен пред да навлезе во ловиштето, бидејќи на огнената линија се ангажирани сите расположливи сили.

Активен останува и пожарот меѓу Струга и Дебар, во атарот на селото Селце, каде интервенираат пожарникарите од Струга. Пожарот кај Селце сè уште не е целосно ставен под контрола, поради што е најавено испраќање дополнителни екипи рано наутро.
Состојбата дополнително ја усложнуваат повеќе од 20 нови пожари регистрирани во попладневните часови, кои бараат ангажирање на пожарникарските и останатите расположливи екипи.

Exit mobile version