Нов потрес во Хрватска- Жителите на Петриња досега почувствувале повеќе од 750 земјотреси

 

Во централна Хрватска синоќа во 00.28 часот бил почуствуван нов земјотрес, кој според ЕМСЦ имал јачина од 3.9 степени по Рихтер.

Загребскиот портал Индекс.хр известува дека земјотресот, кој траел пет секунди, го почувствувале граѓаните во Петриња и Сисак.

Областа Петриња е погодена од над 750 земјотреси од крајот на минатата година, односно од 28 декември.

Првиот удар, што беше вовед во разорниот земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала, се случи еден ден претходно, на 28 декември.

Досега имало 79 посилни со величина поголема од 3 степени според Рихтер, а 13 имале поголема од 4 степени, пренесува ХРТ.

 

Најголемата штета е предизвикана од четири земјотреси посилни од 5 степени според Рихтер, а според сеизмолозите ќе следуваат уште потреси.

Постојаните потреси на земјата, а сега и снегот го отежнуваат опоравувањето на областа по разорниот земјотрес.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.01.2021 - 08:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа