Нов пораз на Џонсон: Британскиот парламент повторно отфрли предвремени избори

Британските пратеници му нанесоа уште еден болен удар на премиерот Борис Џонсон повторно одбивајќи организирање на предвремени избори, пред прекинот на работата на парламентот до 14 октомври, две недели пред рокот предвиден за брегзит.

Со 293 гласови „за“, што е далеку од потребните две третини гласови потребни за распишување на општи избори, пратениците по втор пат во пет дена го одбија предлогот на Борис Џонсон, кој сакал гласачите да се повикаат на гласање на 15 октомври. Со тоа пратеници му нанесоа уште еден удар на премиерот, пишуваат британските медиуми.

Премиерот пред гласањето рече дека нема да бара „ново одложување“ на Брегзит, закажан за 31 октомври, и покрај законот донесен од Парламентот кој во понеделникот стапи на сила, откако бил одобрен од кралицата Елизабета Втора. Џонсон не кажа што следно ќе превземе.

 
 
 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.09.2019 - 11:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега