Нов пар на македонската естрада: Згодниот пејач ја „ќари" талентираната Антониа

Македонската пејачка Антониа Гиговска оваа година повторно имаме прилика да ја гледаме во регионалното музичко шоу „Пинкови ѕвездички – all stars“ каде што постојано добива само овации и пофалби.

Како што пренесува „Бекстејџ“, Гиговска е во врска со Иван Joванов, вокалот од Либеро бенд.

Парот се заедно повеќе од месец, а Иван на своите блиски пријатели се доверел дека е многу заљубен и се чувствувал како да ја познава Антониа цел живот.

Пред да биде со Антониа, Иван беше во повеќегодишна врска со водителката Јана Сарафимова.

За потсетување, Антониа моментално се наоѓа во Тел Авив каде што ќе биде придружен вокал на Тамара Тодевска на Евровизија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.05.2019 - 09:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа