Нов напад: Застрелан православен свештеник во Лион- напаѓачот побегнал

Во Лион во Франција застрелан е православен свештеник во близина на грчка црква.

Напаѓачот избегал од местото на настанот, пренесуваат локалните медиуми.

Причините за нападот сè уште не се познати. Нападот се случил на 7-от кварт во Лион, а многу полициски екипи се на местото на настанот.

Како што пренесува „BFM TV“, свештеникот двапати бил ранет додека ја затворал црквата и е во критична состојба.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.10.2020 - 19:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа