Нов напад од улични кучиња - скопјанка завршила на клинички

Вчера во околу 18 часот синоќа во населбата Железара во Скопје 49 годишна жена била искасана од улично куче, која поради здобиените повреди била пренесена во Клиничкиот центар, дознава Сител. Лекарите од инфективната клиника ѝ ја сошиле раната и ѝ  поставиле дрен за да спречат инфекција, а пациентката ја примила и потребната вакцинална терапија. 

Како што пишува Сител, нападот се случил кај трите кули во населбата додека скопјанката одела да пазари од маалската продавница. Жителите на населбата реагираат и бараат помош бидејки истото куче и претходно напаѓало жители на населбата. 

Ова е втор напад во кој е повредена 49 годишната жена. Фотографијата која ја добивме е направена по синоќешниот напад, а случајот и овој пат е пријавен кај надлежните служби. Жителите на оваа населба апелираат градските власти да преземат соодветни мерки за да се спречат нови напади. Стравуваат дека последиците може да бидат многу посериозни доколку кучињата нападнат некое од децата во населбата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.02.2020 - 10:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега