Нов инцидент во Виена - Напад пред австрискиот парламент

 

Државјанин на Авганистан утрово нападна член на обезбедувањето на австрискиот Парламент.

Напаѓачот се обидел да го извлече од автомобилот членот на обезбедувањето, но тој се одбранил со тоа што употребил бибер спреј.

Инцидентот се случи само еден ден  откако државјанин на Австрија со египетско потекло со нож го нападна војникот што ја обезбедуваше резиденцијата на амбасадорот на Иран во Виена.

На седми март Авганистанецот Џафар С. (23) со нож нападна и повреди четири лица во центарот на Виена. Тој во затвор се обиде да се самоубие, но беше спречен од затворските чувари.

За време на сослушувањето Џафар С. изјави дека во Австрија пристигнал во 2015 година заедно со други бегалци. Тој минатата среда со нож избоде тричлено семејство и подоцна и уште еден бегалец бидејќи бил бесен поради условите за живот.

 

 

 

13.03.2018 - 12:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа