Нов црн рекорд за Грција: 293 новозаразени со коронавирус, најмногу од почеток на епидемијата

Вкупно 293 нови случаи на Ковид-19 се регистрирани во Грција во изминатите 24 часа што претставува нов негативен рекорд, односно највисок број заразени од почетокот на епидемијата, јави дописничката на МИА од Атина.

 

Висок е бројот и на смртните случаи, во изминатото деноноќие починаа пет лица.

Од новите 293 случаи, 22 се по направените тестови на влезните точки во земјата, а според грчките медиуми, најголемиот број од новозаразените, 103 случаи се во областа Атика, односно поширокиот регион на Атина.

Во Солун има 54 позитивни, додека пак останатите се во 29 различни делови на Грција.

Од почетокот на епидемијата, во Грција се регистрирани вкупно 9.280 случаи, а починаа 248 лица.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.08.2020 - 18:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа