Нов црн рекорд во Франција: Речиси 9.000 новозаразени за еден ден
Во Франција денеска потврдени се 8.975 новозаразени со Ковид-19, што е дневен рекорд откако коронавирусот почна да се шири во оваа западноевропска држава.
Бројот на пациенти во болниците расте веќе шест дена по ред, и во моментот хоспитализирани се 4.671 луѓе, што е далеку под црниот рекорд од над 32.000 во април.
Според последните статистики на француските здравствени власти, досега како последица од Ковид-10 починале 30.686 луѓе, а се заразиле 309.156.
04.09.2020 - 22:25
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа