Крај на Мундијалот за Агуеро

 

Аргентинскиот репрезентативец Серхио Агуеро поради повреда на бутниот мускул ги заврши настапите на Светското фудбалско првенство во Бразил.

Агуеро вчерашниот натпревар со Нигерија го напушти предвреме, а повредата се покажа како сериозна и е причина за крај на шампионатот за еден од најдобрите аргентински фудбалери.

Во нок-аут фазата на местото на Агуеро во аргентинската репрезентација се очекува во првиот состав да се појави Езекиел Лавеци.

Аргентина во 1/8финалето на 1 јули ќе игра со Швајцарија во Сао Пауло.

26.06.2014 - 19:36
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега