Бесими денеска работно во Албанија

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, Фатмир Бесими денесja ја посети Република Албанија. Во рамки на посетата Бесими се сретна со министерот за европска интеграција Клајда Ѓоша и министерот за надворешни работи Дитмир Бушати. Ова е прва официјална посета на вицепремиерот Бесими од именувањето на новата Влада на Република Македонија.

-Вицепремиерот Бесими им честита на министрите од Република Албанија за добивањето статус на земја-кандидат за членство во Европската унија, каде што истакна  дека тоа е добра вест не само за Република Албанија туку и за целиот регион. Воедно тој нагласи дека соработката меѓу двете земји не само што ќе продолжи туку и ќе се зајакне врз основа на заемниот интерес на двете земји за членство во Европската унија, соопштуваат од Кабинетот на Бесими.

пДоделувањето на кандидатскиот статус на Република Албанија покажа дека Европа останува и натаму заинтересирана за нејзиното проширување со земјите од Западен Балкан, истакнал Бесими во неговата изјава на заедничката прес конференција со Бушати.

Министерот за европска интеграција, Клајда Ѓоша подвлече дека “една од препораките која Албанија ги доби на последниот министерски состанок е интензивирање на регионалната соработка” а во таа насока соговорниците разговараа за можности за продлабочување на истата.  

На состанокот вицепремиерот Бесими ја истакна важноста на регионалните иницијативи за соработка меѓу земјите на регионот кои ќе придонесат за процесот на интеграција во Европската Унија исто така и за подобрување на стандардот на живеење на граѓаните.

Се разговараше и за билатералната соработка во доменот на ИПА фондовите во аспект на абсорбција и реализација на заеднички проекти. Во периодот 2007-2013 во програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и  Република Албанија се потпишани договори во изност од 6.2 милиони евра, и од вкупно три повици за проекти се потпишани договори за 41 проекти во вредност од 3.47 милиони евра. Соработката во областа на фондовите на Европската Унија ќе продолжи и во периодот 2014-202.

Вицепремиерот Бесими на министерката Ѓоша и понуди поддршка и искуство коja Република Македонија ја има во децентрализираниот систем на имплементирање и контрактирање на проектите. Во оваа насока се договорија за формирање на работни групи за размена на искуства.

Двете земји досега имаат успешна соработка во различни области, како што се: Сообраќајната политика, административна соработка и заемна помош, полициска соработка и борба против организираниот криминал, соработка во областа на образованието и науката, соработка во областа на животната средина, царинска соработка и др. Како успешни заеднички проекти меѓу Македонија и Албанија се спомнаа желечничката делница Кичево-Лин која се финансира од ИПА средствата и далеководот Битола-Елбасан преку Инвестиционната Рамка за Западниот Балкан (WBIF).

-На крајот вицепремиерот Бесими на министрите им упати покана за поскорешна посета на Република Македонија за започнување со поконкретна билатерална соработка во насока на размена на искуства и капацитети на неколку области како што се областа на евоинтеграцијата и ИПА фондовите, формирање и средби на работни групи на техничко ниво, воспоставување на практика на регионална соработка со заеднички регионални иницијативи како и формализирање на оваа соработка со потпишување на Меморандум за Соработка, информираат од Кабинетот на вицепремиерот.

26.06.2014 - 13:36
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа