Најсиромашните нема да плаќаат радиодифузна такса

Најсиромашните категории на граѓани и приматели на социјална и на постојана парична помош ќе нема да плаќаат радиодифузна такса.

Ова го одлучи Владата на вториот состанок, на кој што беше одлучено и да социјалците и на семејствата со приходи под 168 илјади денари годишно, Агенцијата за катастар за недвижности треба бесплатно да им изработи елаборат за легализација на дивоградбите. Овие мерки ќе опфатат околу 40 илјади граѓани.

Премиерот Никола Груевски денеска истакна дека овие мерки не се дискиминаторски. 

За лицата со инвалидитет, сите градби кои ќе се градат ќе треба да бидат проектирани и изградени со посебно место за непречено движење на лицата со инвалидност. Секоја градба за станбено домување која има најмалку 10 стана треба да биде приспособена за пристап и движење на лицата со попреченост, како и еден на 10 станови да биде прилагоден за живеење на лица со попреченост и инвалидност. 

23.06.2014 - 20:10
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа