Пронајдено безживотно тело на детенце жртва на поплавите во Варна

Спасувачките екипи денеска во деловите на бугарскиот приморски град Варна што минатата недела ги зфатија поплави, пронајдоа тело на едно удавено дете.

 

Со ова бројот на жртвите од поплавите во Варна се искачи на 12 лица. 

 

Безживотното тело на детето било пронајдено во насебата Аспаругово во Варна, која беше најтешко погодена од поплавите предизвикани од поројните дождови што во четвртокот ја зафатија североисточна Бугарија.

 

Бугарската полиција соошти дека засега не е познато дали откриеното тело му припаѓа на едно од двете деца кои се водат како исчезнати при поплавите или пак станува збор за сосема нова жртва.

23.06.2014 - 14:53
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега