ВИДЕО/ФОТО: Погледнете го упадот на специјалците во фабрика за наркотици

Припадниците на криминалистичката полиција во соработка со припадниците на Специјалните антитерористичка единица и полициската управа на Ниш и Јагодина во координација со Обвинителството за организиран криминал ги уапсија лицата М.Б. (33), Н.Н. (32), Б.М. (26), и Б.Л. (39). поради постоење на основно сомнение дека извршиле кривично дело неовластено производство и ставање во промет на опојни дроги.

Со оваа акција е пресечен уште еден ланец на производство и продажба на дрога, што е резултат на повеќемесечна заедничка работа на Обвинителството и припадниците на Управата на криминалистичката полиција.  

За време на спроведувањето на акцијата е извршен и претрес на објектот на повеќе локации, а во местото Гредетин, општината Алексинац, на две локации откриени се лаборатории за производство на модификувана дрога „сканк“. 

Во двете лаборатории пронајдени се повеќе од 400 садници, „сканка“, висина на билки од преку два метри. Билките биле во фаза на созревање и подготовка за понатамошна продажба. Во објектите е најдено повеќе килограми на готови производи. 

На таванот на семејната куќа на еден од осомничените, пронајдени се неколку парчиња на огнено оружје, од кои некои се во незаконско поседство. Сите осомничени ќе заработат кривична пријава и се приведени во Обвинителството за организиран криминал.

 

20.06.2014 - 18:12
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега