Легнала во када и си го пресекла вратот - хорор во Србија

Жена од Белград решила да си го одземе животот па си го пресекла вратот. Жената чиј идентитет не се открива, живеела со својот сопруг, а соседите кои живеат во зградата не знаат што би можела да биде причината за нивната соседка да реши да си го одземе животот.

Според податоците на српскиот Ало, глетката била ужасна. Насекаде имало крв во станот. Жената легнала во када и си го пресекла вратот со нож. Телото го пронашол нејзиниот несреќен сопруг кој веднаш се јавил во Брза помош и полиција, но за жал, не можело да се направи ништо освен лекарите да констатираат смрт.

Во зградата соседите велат дека се работело за мирно семејство и дека не знаеле за трагедијата додека не дошла полицијата.

20.06.2014 - 13:29
Фото: 
пулс24
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа