Екс-премиерот во затвор

Поранешниот словенечки премиер и лидер на опозициската Словенечка демократска партија (СДС), Јанез Јанша денеска попладне треба да се јави на издржување на двегодишната затворска казна, на која е осуден поради земање поткуп во случајот „Патрија“, а како што е најавено тој до затворот ќе биде испратен од неговите приврзаници. 

Оваа правосудна пресуда може да ја укине единствено Врховниот суд, до кој Јанша поднел жалба, но оваа институција се уште нема донесено одлука.

Медиумите јавуваат дека организацијата за испраќањето на Јанша до затворот ја преземал поранешниот шеф на воената разузнавачка служба, Дамир Чрнчец.

Управата за извршување затворски казни соопшти дека на Јанша, како и на останатите затвореници, ќе му бидат гарантирани основните човекови права и слободи

20.06.2014 - 13:11
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа