Радовиш: Го претворил домот во магацин за оружје

Радовишанец дома криел цел арсенал оружје. 50-годишниот Ж.К. од радовишко во својот дом чувал бојна пушка „манлихер“, два револвери,  пиштол „викторија“ кал. 6,35 мм., две рачни бомби,  цевка со сандак, затворач и механизам за окинување од пушка, 253 парчиња различен калибар, нож за пушка М-48 со ножница, реденик за митралез, две кутии барут со вкупна маса од околу 850 грама, шест цевки од пушки,  буренце од револвер, шест кундаци за карабин и пушка, две воздушни пушки непозната марка,  сабја со футрола и поголем број делови од оружје.

За делото кое го направил ќе си заработи соодветна кривична пријава.

20.06.2014 - 12:45
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега