Ја ограбил среде улица - фатен Албанец кој „оперирал" низ Тетово

39-годишниот албански државјанин Н.М. претплладнево е фатен и приведен од тетовската полиција откако претходно и одзел златен синџир на 61-годишната Д.Р. од Тетово.

Според полицијата, денеска околу 10 часот и 30 минути албанскиот државјанин од зад грб и се доближил на тетовката додека таа одела по булеварот „Маршал Тито“ во Тетово и набрзина и го скинал и одзел златниот синџир по што почнал да бега кон зелениот пазар, но многу брзо бил фатен. Синџирот му е одземен и вратен на ограбената, пренесе МИА.

СВР Тетово го сомничи Н.М. и за слична кражба на златен накит исто така од повозрасна тетовска што минатата недела се случи на улицата „Браќа Симовски“ во градот. 

19.06.2014 - 16:46
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега