Earth traveling: Oхрид меѓу десетте најубави места на Балканот

Порталот Earth traveling го смести мaкедонскиот град Охрид меѓу десетте најубави места на Балканскиот полуостров.

-Регионот нуди одлични можности за запознавање на историјата, локалната и традиционалната храна, авантури и прекрасна природа што ретко може да се најде ширум светот, пренесува порталот.

Охрид секоја година ужива се поголема популарност. Туристите ги привлекува Охридското Езеро кое е вистински уникат. Тоа е седмо најдлабоко езеро во Европа и е број еден туристичка дестинација во нашата земја.

 

19.06.2014 - 09:38
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа