Неверојатна трансформација: Ослабела 40 килограми откако и раскинало момчето

 

Девојка од Лондон била тешка неверојатни 100 килограми, но сето тоа се променило откако нејзиното момче ја напуштило.

28- годишната Сара од Лондон, откако го видела своето момче со друга послаба девојка, ја добила потребната мотивација за да ослабе и ослабела цели 40 килограми.

Сара отсекогаш била полничка, но во бременоста почнала многу повеќе да јаде и никако не успеала да ја искорени таа лоша навика и по породувањето. Стигнала до 100 килограми и не можела да ослабе со никакви диети. Била скршена и убедена дека момчето и раскинало затоа што била дебела, иако тој ја убедувал дека тоа нема врска со причината за раскинување.

Но откако таа го видела поранешното момче со друга девојка, се почувствувала понижено и почнала да плаче. Сара за овој немил настан вели дека е најдоброто нешто што и се случило во животот, затоа што ја натерало да ослабе и да почне да живее здраво.

16.06.2014 - 09:16
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега