Убиен пратеник од Демократската партија на Косово

 

Со четири истрели од огнено оружје ноќеска убиен е пратеникот од редовите на Демократската партија на косово, Елвис Писта.

Mотивите и извтршителот се уште и се непознати на полицијата.

Писта бил застрелан во паркинг просторот на ресторант „Хаја Петрол“ кај неговиот роден град Раховец, во моментот кога со сопругата и неколку пријатели излегле од објектот, каде биле на вечера по повод роденденот на сопругата Бесарта.

Во него било пукано од зад грб. Според полицијата убиството било добро испланирано. 

Писта бил веднаш префрлен во болница, но лекарите само контатирале смрт. Писта за пратеник беше избран на последните парламентарни избори а досега работеше како секретар на косовски пост телеком. Премиерот и лидер на ДПК, Хашим тачи, изрази глабоко сочувство до неговото семејство и вети отркивање на атентаторите на убиството. Убиството го осуди и лидерот на Алијасата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај изразувајќи сочувство и побара расветлување на убиството што е моќно поитно.

15.06.2014 - 14:43
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега