Нови цени на плажите во Грција

Од денеска на плажите во Грција се продаваат сендвичи, минерална вода и кафе по фиксни цени кои би требало да се пониски за 30 проценти од досегашните, јавуваат локалните медиуми.

Казните за непочитување на овие правила се толку високи што сопствениците се принудени да ги променат цените. 

Оние кои ќе продаваат по повисоки цени  ќе платат казна од 500 евра, додека за неиздавање на сметка казната изнесува 1.000 евра. Казните ќе бидат двапати повисоки ако прекршокот се повтори.

Ваквата мерка е воведена откако туристи масовно се жалеле дека цените во рестораните на плажите се нелогично високи.

 

Ако бидат регистрирани прекршоци, работодавците ќе платат казни од 10 илјади евра, а кај драстични случаи ќе биде одземена и дозволата за работа.

14.06.2014 - 14:27
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега