Во Грција запленети неверојатни 1,1 тони хероин

Грчките власти денеска соопштија дека заплениле рекордни 1,1 тони хероин во близина на Атина и уапсиле 11 лица осомничени за шверц на наркотици.

Вредноста на запленетата дрогата на нарко пазарот изнесува над 30 милиони евра.

Грчката крајбрежна стража соопшти дека операцијата е спроведена по сигнал и во координација со американската Агенција за борба со дрога.

Осомничените шестмина Грци и петмина странски државјани се уапсени доцна синоќа. Крајбежната стража не ја прецизираше националноста на приведените странски државјани. 

Во соопштението се наведува дека наркомрежата дејствувала од магацин, источно од Атина и го разнесувала хероинот со камиони во Грција и во други европски држави.

Германската аренција ДПА јави дека дрогата е пронајдена во два магацини и била распоредена во 443 пакети. Меѓу уапсените Грци се и познат бизнисмен од поморскиот сектор, неговата сопруга и нивниот 15-годишен син. Нивниот идентитет не е соопштен.

Грчкиот министер за трговска морнарица Милтиадис Варвициотис изјави дека ова е најголемо количество хероин, некогаш запленето во Грција. 

13.06.2014 - 17:38
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега