„Тато, возев брзо и бев пијан, убив тројца млади“

26- годишниот Деспот Враниќ од Србија кој управуваше со „ауди А8“ во моментот на страшната сообраќајна несреќа во која загинаа тројца млади луѓе возел со 155 километри на час. Освен тоа, имал 1,341 промили алкохол во крвта, тврдат надлежните органи.

Тој на пред судот се бранел со молчење, нрговите адвокати велат дека и тој трпи големи болки од ударот.

Српските медиуми ја пренесуваат изјавата на таткото на 26- годишниот Деспот 

- Ја држеше главата со раце и повторуваше дека убил тројца луѓе. Имаше повреди по целото тело, но како да не беше свесен за болката, туку само се нишаше и повторуваше дека убил луѓе – вака ја почнува својата исповед за  српски „Блиц“, татко на Деспот.

Таткото го пронашол синот во Ургентниот центар.

- Ми беше зелено светло на семафорот и во последен момент здогледав нешто црно и тогаш почувствував силен удар, рекол Деспот на татко му, признавајќи му дека мислел дека вози со над 100 километри на час, како и дека таа вечер пиел.

Таткото навел дека Деспот во саботата бил во Ириг кај дедо му, каде што започнала тепачка, во која еден негов пријател, инаку сопственик на „аудито“, бил тешко повреден. Повредениот го возела Итна помош за Нови Сад, а Деспот седнал во неговиот автомобил и тргнал по нив. Меѓутоа, по симнувањето од Мостот на слобода, се случила трагедијата која на сите им го изменила животот.

- Најстрашно од се е што тие деца загинаа, а нашиот син треба да одговара. Немаме зборови да ја изразиме тагата и сочувството, вели мајката Светлана, напоменувајќи дека таа и сопругот секојдневно мислат на семејствата на починатите. 

Семејството Враниќ го погодиле информациите и претпоставките дека Деспот е размазен татин син, кој дивее по улиците со скап автомобил

-Живееме од она што мојата сопруга ќе го заработи во фризерскиот салон. Имаме еден автомобил стар 15 години, станот го отплаќаме на кредит. „Ауди“ не би можеле да си дозволиме. Просечно семејство сме кое составува крај со крај, вели Небојша Враниќ

Исто така таткото на Деспод наведува дека многумина измислиле приказни како тие се многу богати луѓе и како тие биле сопственици на пензински пумпи, но тоа не било точно.

извор: српски блиц

13.06.2014 - 15:03
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега