Од река извлечено тело на маж со бетонски цигли врзани за нозете

Тело на неидентификуван маж е пронајден во реката Сава, неколку стотина метри низ водата од мостот во Остружница. 

Телото е повлечено до брегот, каде е утврдено дека на нозете има канап и приврзани две бетонски цигли. На главата, во виина на очите, била замотана и трака од селотејп. 

Телото е извлечено на брегот каде што е извршен полициски увид, а потоа е однесено на Институтот за судска медицина, каде на обдукција ќе биде утврден идентитетот и причината за смртта. Истрагата е во тек. 

 

 

11.06.2014 - 20:37
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега