Хрватите загрижени од максималистичките барања во спорот со Словенија за Пиринскиот залив

Словенечкиот министер за надворешни работи Карл Ерјавец откри дека Словенија на арбитражата за границата со Хрватска во Хаг, го барала целиот Пирански Залив и изрази уверување дека успеал да ги убеди арбитрите во аргументите кои Љубљана ги изнела во граничниот спор.

Тој истакна дека словенечките аргументи се правно многу убедливи и се потпираат на примерите од други земји кои биле во слични ситуации како Словенија, кога е во прашање пристап до отворено море.

- Одевме на максималистички барања, а што ќе биде ќе видиме, нагласи Ерјавец во врска со можното решение, за кое ќе одлучи арбитражниот суд.

Изразувајќи задоволство од начинот на кој Словенија ги презентирала аргументите пред Судот, тој додаде дека почувствувал оти веднаш потоа кај хрватската страна „се појавила загриженост“. 

11.06.2014 - 17:55
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега